После репрезентативните обврски Алиоски „лета“ за Трабзон

Челници на Трабзонспор вчера присуствувале на натпреварот Македонија – Грузија, каде што го гледале настапот на Езџјан Алиоски. Иако Македонија го загуби натпреварот, сепак, останува фактот дека турскиот тим е сериозно заинтересиран да го доведе левокрилниот играч во своите редови.

Шампионот на Турција одамна е заинтересирана за потписот на македонскиот репрезентативец, а го бараше и минатата сезона кога тој замина во Саудиска Арабија. Сега Трабзонспор силно го посакува во своите редови, па бара решение како да го ангажира, односно како да го откупи неговиот договор кој е со важност од 2023 година.

Доколку не успеат двете страни да се договорат околу обесштетувањето, тогаш има опција за позајмица до крајот на сезоната, а потоа и потпис како слободен агент.

Според турските медиуми, веднаш по завршувањето на репрезентативните обврски и натпреварот со Гибалтар, левоногиот фудбалер веднаш лета за Трабзон на комплетирање на договорот. Доколку потпише, Алиоски со тимот ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите следната сезона.

Се вчитува...