„Последен танц“ – Дел Потро со пораз се прости од својата Аргентина

Поранешниот освојувач на УС опен, Хуан Мартин дел Потро најави дека ова се негови последни мечеви и дека ќе стави крај на кариерата.

Тој својот „Последен танц“ на официјален турнир во својата Аргентина, го имаше синоќа против сонародникот Федерико Делбонис на турнирот во Буенос Аирес.

Популарниот Дел По првпат одигра тениски меч по турнирот во Квинс во 2009 година, а неговиот сонародник беше подобар со максимални 2-0, по сетови (6-1 и 6-3). Дел Потро останува уште да го одигра турнирот во Рио по што ќе се повлече во пензија.

По мечот Аргентинецот со солзи во очите изјави дека доколку ова е негов последен турнир тој заминува среќен. Сепак, останува во игра тој да настапи и на турнирот во Рио де Жанеиро, а одлуката ќе ја донесе во текот на неделава.

Главна причина за оваа одлука на Аргентинецот е големиот број повреди кои го следеа во текот на кариерата, поради кои почесто беше надвор од терените.

Се вчитува...