Последен танц за Руди, Реал Мадрид е шампион на Шпанија

Кошаркарите на Реал Мадрид стигнаа до титулата во шпанскиот шампионат откако на Мурсија и испорачаа метла (3-0). Откако ги добија кралевите првите два натпревари на домашен терен, сигурни беа и на првиот на гостувањето во Мурсија со 73-84.

Последниот натпревар во дресот на Реал Мадрид вечерва го имаше легендата на кралскиот клуб Руди Фернандез кој ја завршува својата блескава кариера. Тој одигра пет минути и не се запиша во листата на стрелци на овој меч.

Кај победникот најефикасен беше Муса со 18 поени, додека еден помалку постигна Хезоња. Кај поразените Енис заврши со 18 поени.

Се вчитува...