Последна шанса: Скопје или Победа!?… Пелистер ќе се спасува против Шкупи!

Скопје, Победа или Пелистер!? Кој е среќникот-еден кој ќе ја избегне преселбата во второлигашката конкуренција… Дефинитивната одлука може да падне и денеска по 35. коло од Првата македонска фудбалска лига!

За Скопје единствениот спас се чини е триумф во директната пресметка против Победа на стадионот во Автокоманда. Свесни се во составот на Љупчо Марковски дека триумфот е неизбежен во надежта во последното коло да се одлучува опстанокот во прволигашката конкуренција…

„Знаеме дека сега е клучниот натпревар за нас. Свесни сме дека триумфот мора да дојде доколку сакаме да остане надежта во последното коло да се избориме за посакуваниот опстанок“ – вели Марковски пред денешната пресметка.

А, во надеж за опстанок веруваат и во таборот на Пелистер кои, иако насочени и кон резултатот од пресметката во Автокоманда, ќе атакуваат на триумф против Шкупи во Битола. Иако и тимот од Чаир си има свои матеметики, насочувајќи се кон триумф под „Тумбе кафе“ а во желбата за европски излез следната сезона.

ПРВА ЛИГА – 35. КОЛО (16:15 ч.)

Скопје: СКОПЈЕ – ПОБЕДА

Кратово: СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ

Скопје: ВАРДАР – АК. ПАНДЕВ

Битола: ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ

Тетово: РЕНОВА – ШКЕНДИЈА

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...