Последни 90 минути во ЛШ: Kој ќе си оди дома, а кој продолжува во следната фаза

Во пресрет на последните 90 минути од натпреварувањето во групната фаза во Лигата на шампионите, веќе девет клуба обезбедија пласман во осминафиналето, додека преостанатите седум патници ќе бидат познати денес и утре. „Билети“ за следната нокаут фаза обезбедија Баерен Минхен, Манчестер Сити, Порто, Ливерпул, Челси, Борусија Дортмунд, Барселона и Јувентус.

Вкупно 13 клуба ќе се борат за преостанатите седум места – Атлетико Мадрид, Салцбург, Борусија Менхенгладбах, Шахтјор, Реал Мадрид, Интер, Аталанта, Ајакс, Лацио, Бриж, Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Лајпциг. Исто така е познато дека за четири екипи (Митјиланд, Рен, Зенит, Истанбул Башакшехир) завршува европската приказна бидејќи тие се секако последни во нивните групи.

ГРУПА Е: Челзи (13), Севилја (10), Краснодар (4), Рен (1)

Во оваа група сè е јасно. Челси е секако прв, Севилја оди понатаму, додека Краснодар се сели во Лига Европа. За Рен, европскиот „сон“ завршува.

ГРУПА Ф: Борусија Дортмунд (10), Лацио (9), Бриж (7), Зенит (1)

Борусија обезбеди сигурен пласман, но првото место кое „виси на конец“, може да го потврди со победа во Санкт Петербург против отпишаниот Зенит.
Лацио преку победа над Бриж ќе се обиде да стигне до првата позиција, но за ова ќе треба да помогне и Зенит, кој ќе има тешка задача да одигра реми, односно да ја победи Борусија од Дортмунд. Бриж има шанси за осминафинале само доколку вечерва слави во Рим над Лацио.

ГРУПА Г: Барселона (15), Јувентус (12), Ференцварош (1), Динамо Киев (1)

Барса и Јуве се сигурни патници, а во меѓусебната средба на Ноу Камп ќе играат за првото место. Барса има голема предност, има три бода повеќе, а на првиот натпревар во Торино славеше со 2: 0. Динамо и Ференцварош ќе играат за Лига Европа во Киев. Двата клуба имаат по еден бод на мечот во Будимпешта, кој заврши 2: 2.

ГРУПА Х: Манчестер Јунајтед (9), Лајпциг (9), ПСG (9), Истанбул Башакшехир (3)

Тројца кандидати, а место за само вајца патници. Ова е најинтересната група во која сè уште никој нема обезбеден сигурен пласман во нокаут фазата. Манчестер јунајтед, Лајпциг и ПСЖ имаат исти бодови, но парижаните имаат најлесна работа, тие ќе играат на домашен терен против Истанбул Башакшехир, кој се наоѓа на дното од табелата. ПСЖ може да го освои првото место во групата единствено со победа, а може да оди понатаму дури и ако загуби, но во тој случај, дуелот помеѓу Лајпциг и Манчестер јунајтед не смее да заврши нерешено.

„Црвените ѓаволи“ можат да поминат и со реми, бидејќи на првиот натпревар го декласираа германскиот тим со 5: 0.

За Лајпциг „математиката“ е едноставна, со победа е сигурен патник во осминафиналето.

Се вчитува...