Последни преговори меѓу Јувентус и ПСЖ: „Старата дама“ добива нов играч за врска

Изминатиов период Јувентус беше поврзуван со Анхел Ди Марија, но се чини дека раководството на „бјанконерите“ забрзано работи на трансфер на друг фудбалер на ПСЖ. Се работи за сонародникот на Ди Марија, Леандро Паредес, кој е блиску до разделба со новиот француски шампион и би можел да се врати во Серија А.

„Тутоспорт“ тврди дека двете страни имале зачестени контакти изминатите две недели и дека се бара компромис. Договорот на Паредес со ПСЖ истекува следното лето и јасно е дека само ова лето Французите можат да заработат од неговиот трансфер, но наводно бараат дури 20 милиони евра што е премногу за Јувентус.

Паредес имаше и проблеми со повреди, па италијанскиот клуб дефинитивно нема да прифати толку висока сума за аргентинскиот репрезентативец.

Во својата кариера, Паредес настапуваше за Рома и Емполи во италијанското првенство.

Се вчитува...