Последниот пат кога Црвена Звезда и Будуќност играа „мајсторка“ го добивме најубавиот потег на „Јадранот“ (ВИДЕО)

Шампионот на АБА лигата ќе биде одлучен денеска во Белград со „мајсторката“ помеѓу Црвена Звезда и Будуќност која е закажана за почеток од 20 часот и 30 минути. Белграѓани во финалната серија два пати го одбранија домашниот терен, а по голема битка истото му успеа и на Будуќност кој не дозволи српскиот гигант да ја прослави титулта во Црна Гора.

Овие два тима се бореа да титула и во сезоните 2017/18 и 2018/19, а интересно е тоа што последната шампионска титула на „Јадранот“ беше одлучена токму во „мајсторка“ која се одигра во Белград. Од истиот натпревар ја добивме и секвенцата на лигата која долго ќе се врти по најавните шпици.

Се вчитува...