„Последниот танц“ е веќе минато, во јули доаѓа документарецот за Коби Брајант

Документарниот филм „Последниот танц“ посветен на легендарната генерација на Чикаго Булс од 90-те години на минатиот век предводена од Мајкл Џордан беше главната спортска приказна во пикот на пандемијата од коронавирусот во светот во кој сите спортски натпреварувања беа суспендирани.

Филмот кој ги урна сите рекорди на гледаност во САД се очекува брзо да го изгуби овој епитет бидејќи на 5. јули премиерно ќе бидат прикажани првите две епизоди од документарецот посветен на последната шампионска сезона на ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант кој трагично го загуби животот во јануари годинава. Документарниот филм ќе има осум епизоди, а секоја седмица од 5. јули ќе бидат премиерно прикажувани по две епизоди. Дел од документарецот ќе бидат соиграчите на Коби од сезоната 2009/2010, Пау Гасол, Мета Ворлд Пис, Дерек Фишер…

Се вчитува...