Последно коло во ЛШ: Хаос во групата „Г“, Барселона стравува за пласманот во следната фаза

Последното коло од групната фаза во Лигата на Шампионите ќе ги даде и последните учесници во нокаут-фазата, ќе ги одлучи и тимовите кои ќе ја имаат „пол-позицијата“ во неа, a ќе ги даде и патниците во Лига Европа.

Вчерашните дуели со кои започна шестото коло го промовираа Атлетико Мадрид во учесник во нок-аут фазата, а денеска продолжуваат битките на зелените терени ширум Европа.

Standings provided by SofaScore LiveScore

На нив интересно ќе биде во групата „Е“ каде Баерн Минхен ја осигура картата за пласман во следната фаза од првата позиција, а петкратниот освојувач на Лигата на Шампионите, Барселона ќе стравува за местото во неа. Каталонците се наоѓаат на втората позиција на табелата со седум освоени бода, два повеќе од треттопласираната Бенфика па имаат две опции за пласман понатаму.

Едната е победа на гостувањето кај Баерн Минхен, а втората е реми или пораз на Португалците против Динамо Киев. Победа на Бенфика и пораз на Барселона го носи шпанскиот состав во Лига Европа, a португалскиот во следната фаза од ЛШ.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Во групата „Ф“ сигурен е само Манчестер Јунајтед кој го осигура првото место на табелата, а мечот помеѓу Аталанта и Вилјареал ќе го даде и конечниот исход на табелата.

Во поповолна позиција е Вилјареал кој доколку избегне пораз влегува во следната фаза како второпласиран, а за истото Аталанта ќе мора да се надева на победа. Бод за Италијанците ќе значи осигурување на третата позиција, а шанса за истата и место во и Лига Европа има и Јанг Бојс доколку слави во Манчестер против Јунајтед, а Аталанта загуби од Вилјареал.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Вистински хаос не очекува во групата „Г“. Во неа разликата помеѓу првиот и четвртиот на табелата е три бода и сите тимови имаат шанса за пласман во следната фаза.

⋅Лил ќе се пласира во нокаут-фазата доколку избегне пораз. Притоа ќе го осигура и првото место со победа или реми, но само доколку Салзбург не успее да стигне до тритте бода на домашен терен против Севилја.

И Салзбург го очекува место во следната фаза доколку не загуби, а Австриците можат и до првото место доколку слават, а Лил не стигне до три бода.

⋅ Севилја доколку слави ќе се пласира во следната фаза, а до првото место Шпанците можат да стигнат доколу Лил загуби.

⋅ Волфсбург во следната фаза може да стигне само доколку слави, а интересно од последната може да се искачи и на првата позиција доколку натпреварот помеѓу Салзбург и Севилја заврши со реми.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Во групата „Х“ познато е дека Челси и Јувентус се патниците во следната фаза од ЛШ, а Зенит ќе продолжи да се бори во Лига Европа, но останува отворено прашањето за првото место.

За истото во поволна позиција се „сините“ кои имаат три опции. Да слават против Зенит; да ремизираат, а притоа Јувентус да не победи; или Јувентус за загуби.

Италијанците можат до првата позиција во групата доколку победат или ремизираат, а Челси не стигне до нови бодови.

Се вчитува...