„Весела математика“ во ЛШ: Отворена битка на Порто, Милан и Алетико, Реал Мадрид и Интер во меѓусебен дуел ќе одлучуваат за првата позиција

Последното коло од групната фаза во Лигата на Шампионите ќе ги даде и последните учесници во нокаут-фазата, ќе ги одлучи и тимовите кои ќе ја имаат „пол-позицијата“ во неа, a ќе ги даде и патниците во Лига Европа.

Во групата „А“, Манчестер Сити работата си ја заврши на време и во следната фаза тргнува од првата позиција. На второто место ќе заврши ПСЖ, но останува да видиме кој од Лајпциг и Клуб Бриж ќе продолжи во Лига Европа, а кој ќе „замине дома“.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Германците на домашен терен го пречекуваат Манчестер Сити, додека Белгиците гостуваат кај ПСЖ. Првиот меѓусебен меч помеѓу Лајпциг и Сити заврши со голеада на „Етихад“, а германскиот претставник прими шест гола во својата мрежа.

Клуб Бриж на самото отварање на Лигата на Шампионите успеа да ремизира со богатите „светци“, а овој пат во Париз повторно ќе брка изненадување. Впрочем до истото мора и да стигне доколку сака да се надева на пласман во следната фаза со оглед на тоа што Лајпциг стекна предност во меѓусебните дуели.

Во групата „Б“ единствениот со сигурен пласман, но и обезбедено прво место е Ливерпул, а отворена битка ги очекува Порто, Милан и Атлетико Мадрид.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Португалците имаат се во свои раце. Со победа над Атлетико ќе обезбедат пласман во следната фаза, а до истото може и со реми, но Милан мора да не победи со Ливерпул. За Шпанците да се најдат во нокаут-фазата мораат да слават на гостувањето кај Порто, а Милан да не стигне до три бода.

За Милан да се најде во следната фаза потребна му е победа против Ливерпул, а притоа мечот помеѓу Порто и Атлетико Мадрид да заврши со реми или Шпанците да слават против Порто со иста или помала разлика од победата на „росонерите“.

Во групата „Ц“ се е познато. Ајакс во следната фаза влегува од првата позиција, а втората му припадна на Спортинг. Борусија Дортмунд ќе патува во Лига Европа, а Бешикташ заминува дома.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Слично е и во групата „Д“ каде Реал Мадрид и Интер поминуваат во следната фаза, а во Лига Европа ќе се натпреварува Шериф. Сепак останува битката за првата позиција на табелата со директен дуел помеѓу мадридскиот и миланскиот клуб.

Реал Мадрид се наоѓа во поволна позиција бидејќи истата може да ја осигура и со реми, а Интер мора да слави на гостувањето кај „Сантијаго Бернабеу“.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...