Последното видео на Марадона – нема депресија, туку пура, алкохол…

Смртта на Диего Армандо Марадона се уште е главна тема во Аргентина, каде телевизискијата „Канал 9“ дојде до видео снимено во последните денови од животот на легендарниот фудбалер. Видеото е снимено по операцијата на мозокот на Аргентинецот, во куќата каде тој престојуваше по напуштањето на клиниката и каде ги мина последните денови од животот.

Наспроти информациите дека Марадона се наоѓал во депресија и не сакал да се гледа со пријателите, на видеото се гледа дека Диего е во добро расположение, со пура во рацете, шишиња алкохол крај него, но и неидинтификувани таблети. Крај Диего на снимката се наоѓа неговиот доктор и близок пријател Маријано Кастро.

Обвинителството веќе покрена истрага за да ги утврди причините за смртта на фудбалската легенда. Лекарска негрижа е наведена како клучен фактор во првичниот извештај.

Се вчитува...