Посрамотени „топчии“: Нотингем Ф. го елиминираше Арсенал од ФА Купот

Членот на Чемпионшиплигата на Англија, Нотингем форест го приреди најголемото изненадување во третата рунда натпревари од ФА Купот елиминирајќи го големиот фаворит Арсенал.

Нотингем форест доминанто обезбеди пласман во следната рунда натпревари славејќи со 4-2 против „топчиите“. Триумфот на домашните го најави Лихај со два гола уште во првото полувреме, од кои вториот за 2-1 во 44. минута беше вистинско ремек-дело…

Во вториот дел, Бреретон во 64. минута од пенал зголеми на 3-1. Арсенал намали на 3-2 со погодокот на Велбек во 79. минута, за да конечните 4-2 ги постави Довел од пенал во 85. минута.

Се вчитува...