Анге Постекоглу доби шанса од управата на Тотенхем по елиминациите од Лига-купот и од ФА Купот на Англија, а искусниот стратег возврати за довербата со триумф над Манчестер Јунајтед од 1-0.
„Спарси“ цела сезона се мачат со бројни проблеми со повреди кои траат до ден денеска, па Постекоглу по мечот се осврна на таа ситуација, особено откако Рубен Аморим го потенцираше отсуството на првотимците како една од главните причини за поразот.
„Јунајтед имал проблеми со повредени играчи? Кога ќе земете во предвид колку проблеми имав јас, нормално е да немам премногу емоции на оваа тема за моите колеги. Го гледав Рубен како се мачи, со играчи на несоодетни позиции, со деца на клуата за резерви… Добредојде во мојот свет. А тој се мачеше самое ден натпревар. Обиди се да издржиш два месеци“, порача Постекоглу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА