Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски својата кариера ја продолжува во еден од најдобрите клубови од Саудиска Арабија, Ал Етифак од Дамам.
По вчерашната информација на ЕКИПА, денеска и локалните медиуми од Саудиска Арабија, официјално согласно извори од клубот потврдуваат дека е постигнат договор меѓу македонскиот фудбалер и Ал Етифак за меѓусебна соработка во сезоната 2022/23.
27-годишниот Велковски, по завршувањето на соработката со хрватската Ријека, се одлучи да ја прифати понудата од клубот од Саудиска Арабија, каде тренер е Французинот Патрис Картерон. По постигнатиот договор, согласно информациите од Саудиска Арабија, часови го делат Дарко Велковски од официјална промоција во новиот клуб.
🚨 ||
الصفقة تمت بنسبة 100% ✍️ ✔️
رسميًا : المدافع الدولي المقدوني داركو فيلكوفسكي (27 عام) لاعبًا لنادي #الاتفاق كآخر صفقات الفريق للموسم الجديد 2022/23 . pic.twitter.com/sckp8Dyhto
— شبكة الاتفاق (@EFC_net) August 30, 2022
Претходно интерес за услугите на Велковски имаше од Мол Фехервар од Унгарија, како и од Анкарагучу од Турција, но се чини пресуди висината на финансиската понуда од Саудиска Арабија.
Во Саудиска Арабија минатата сезона, како што е познато, настапуваше и Езгијан Алиоски во редовите на Ал Ахли, но Алиоски ова лето како позајмен фудбалер се пресели во Фенербахче. Во Суадиска Арабија, во редовите на Ал Феиха, настапува уште еден македонски репрезентативец, офанзивецот Александар Трајковски.
Дарко Велковски, пред преселбата во Ријека, претходно во својата кариера настапуваше и за Македонија ЃП, Работнички и Вардар во македонскиот шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА