„Постои само еден виновник за елиминацијата на Дортмунд, неговото име е Дени Макеле“

Елиминацијата во осминафиналето од Лигата на шампионите од страна на Челси беше тешка за сите во редовите на Борусија Дортмунд. Додека Един Терзиќ, тренерот на „милионерите“, едвај собра сили да даде изјава, првотимецот Емре Џан беше видно нервозен и разочаран.

Џан го нападна главниот судија Дени Макеле кој според него е главен виновник за елиминацијата на бундеслигашот.

„Судијата е виновен за нашиот пораз и нема што многу да се зборува. Сите видоа што направи, секако кој сака искрено да види. Мислам дека беше многу груб со нас, не разбирам зошто го повтори пеналот, со оглед на тоа што имаше многу играчи во шеснаесетникот и не само од Борусија Дортмунд? Макеле имаше погрешен однос кон нас во текот на целиот натпревар, не заслуживме на ваков начин да се збогуваме со Лигата на шампионите“, изјави Џан.

Се вчитува...