Легендарниот Серхио Рамос по втор пат дебитираше за Севилја и веднаш имаше големо улога во победата на неговиот тим од 1-0 над Лас Палмас. 37-годишникот кој беше дочекан со аплауз на загревањето покажа пожртвуваност и итрина која ретко се гледа на терените.
Во 47. минута некогашниот капитен на Шпанија со неверојатна акробација го спаси својот гол. Откако беше јасно дека српскиот голман Дмитровиќ е совладан, искусниот стопер со рацете зад грб скокна спрема топката и го запре противничкиот обид за гол за еден од најубавите потези во неговата кариера.
▶️ Dmitrovic ➕ Sergio Ramos 🚧#SevillaFCLasPalmas #LaLigaHighlights pic.twitter.com/7cbEPfTEGi
— Sevilla Fútbol Club (@SevillaFC) September 17, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА