Потег на мечот, но попусто: Митревски брани, па стрела од гол на гол (видео)

Никола Митревски го имаше потегот на натпреварот меѓу Пелистер и Нексе, откако македонскиот репрезентативен голман во 14. минута ги крена на нозе навивачите во салата „Боро Чурлевски“.

Тој најпрвин одлично го запре ударот на еден од противничките ракометари, за веднаш да ја прибере топката и да испрати проектил од својот шестерец – директно во мрежата на хрватскиот вицепрвак.

За жал, тоа се покажа недоволно за пласман во следната рунда бидејќи „пелистерци“ славеа со 24-22, недоволно за да се надополни негативата од три гола од првиот меч во Хрватска.

Се вчитува...