На жестока битка за место на Ф4 во Лигата на шампионите сведочеше вчера преполната „Јане Сандански“ во Скопје. На крајот, Вардар ќе има можност да ја брани европската круна оваа сезона во Келн.
А, меѓу оние индивидуалните „борби“ на паркетот и „окото“ на ЕХФ забележа една на „Давид и Голијат“… Словенецот од редовите на Кил, Миха Зарабец, висок 177 сантиметри, почувствува како е кога ќе налеташ и ќе те зграпчи вардаровиот џин, 215 сантиметри високиот Даинис Криштопанс…
Зафат на Криштопанс кој дефинитивно се издвојува како ПОТЕГ НА НОКАУТ ФАЗАТА ВО ЛШ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА