Италијанците се обидоа да го поништат голот на Александар Трајковски, со кој Македонија вчера триумфираше во Палермо. Дел од играчите бараа од судијата Турпан да се гледа ВАР и да се провери погодокот.
Италијанците ова го бараа сметајќи дека Трајковски играл со рака при приемот на топката. Меѓутоа откако стана јасно дека нема ништо од тоа, „азурите“ беа фрлени во очај. Тоа беше и последниот нивен потег да го избегнат поразот кој не им успеа.
ВАР оцени дека се е во ред, односно дека при приемот Трајковски не играл со рака. Инаку, голема работа при голот заврши и Миовски кој го доби воздушниот дуел со италијански фудбалер, и практично му ја „спушти“ топката на Трајковски, кој потоа погоди во мрежата на Донарума.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА