Потег за кој зборува целиот Балкан: Српските фудбалери премијата од милион евра ќе ја донираат за болни дечиња!

Српските фудбалери уште еднаш ја разбранија јавноста во Балканот, откако едногласно одлучија премијата од милион евра да ја донираат за болните дечиња.

Откако ја победија Поертугалија со 2-1 и се пласираа на Мундијалот во Катар, хероите на Србија дополнително ги освоија срцата на фановите, а причина за тоа е одлуката за начинот на кој ќе ја распределат премијата што им ја вети претседателот Александарт Вучиќ во износ од милион евра.

„Душата и срцето ги топли насмевката на децата, нешто што ниту една пара не може да ја замени“, гласи пораката на фудбалерите на Србија.

Се вчитува...