Потег за респект – Кјелини на патерици се симна на терен за да го утеши Кулибали

Ривалството меѓу Јувентус и Наполи е огромно, но Џорџо Кјелини е жив доказ за човечка големина меѓу фудбалерите.

Големиот ас на „старата дама“ пред само неколку дена заработи тешка повреда на коленото, но тоа не му пречеше веднаш по мечот со патерици да се симне на теренот и додека неговите соиграчи славеа пред навивачите, Кјелиин се упати кон Кулибали за да го утеши разочараниот ривал по постигнатиот автогол.

Се вчитува...