Потегот на колото во ЛШ: Борко со екстра-одбрана, па гол… (ВИДЕО)

По Никола Митревски, кој со феноменалната одбрана во претходното коло од Лигата на шампионите се најде во фокусот на вниманието на ракометна Европа, сега уште еден македонски репрезентативен голман без сомнение со издвоен потег на колото во ЛШ.

Борко Ристовски го одбележа натпреварот против Порто со запишани 17 одбрани и дури четири погодоци од гол на гол. Но, дефинитивно моментот на извонредната одбрана комбинирана со третиот негов гол на мечот против Португалците ќе ја одбележи оваа рунда натпревари во најквалитетното европско клупско натпреварување…

Се вчитува...