Потешко не можеше: Македонија нема да биде домаќин во финалето и ако ја мине Италија

Потешка ждрепка не можеше да има за македонската репрезентација на патот кон своето прво учество на Светско првенство.

Македонија во полуфиналето ќе игра на гостински терен во Италија, a ако го мине европскиот шампион тогаш ќе игра на гостински терен против подобриот од дуелот меѓу Португалија и Турција.

Денешната ждрепка во Цирих одлучи и во евентуалното финале од Групата Ц, домаќин да биде Португалија или Турција.

Се вчитува...