Потешко од очекуваното: Еурофарм Пелситер со мака до победа над Партизан ја стартуваше СЕХА лигата

Македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Пелистер со победа од 23-25 на гости кај српскиот Партизан ја стартуваше новата сезона во регионалната СЕХА лига.

Еурофарм со гол го отвори мечот, а потоа одигра одлична одбрана по што ја иницираше и првата грешка на домаќинот. Во првите 10 минути се играше гол за гол, а во континуитет минималната предност припаѓаше на битолчани. Веќе во 20. минута нашите ракометари ја направија првата поголема разлика, прво со два, а потоа и со пет гола во однос на домаќините. На полувреме се замина со резултат од 10-13.

Во вториот дел како да излегоа два различни тима на терен, домаќините ја намалија предноста, а битолчани броеја три минути пост без постигнат гол. Сепак, за момент тимот од Битола се консолидираше и дојде повторно до висока предност од пет гола, но белграѓани воопшто не се предадоа, па за десет минути игра ја намалија и оваа разлика и успеаа да го изедначат резултат.

Голманот на Еурофарм Пелистер ги откажа домаќините, Мартон Секели беше извонреден на голот, па во неколку наврати одбрани зицери, по што им даде „крилја“ на своите соиграчи за повторно да се вратат во мечот со солидна предност за прва победа во регионалната ракометна лига.

Кај Партизан се истакнаа Никола Зечевиќ и Алекса Максиќ со пет гола, додека кај тимот од Битола доминираше Матео Марас со 7 гола.

Се вчитува...