Потежок пат, два баражи за пласман на Светското првенство во Египет

Македонската ракометна репрезентација ќе мора да мине низ два баражи за да обезбеди пласман на Светското првенство во Египет следната година и да го продолжи континуитетот настапи на големите натпреварувања. Ова доаѓа како последица на исходот од нашиот настап на актуелното Европско првенство на кое не ја минавме прелиминарната групна фаза. Со тоа што немаме повисок пласман и место меѓу селекциите кои ќе играат олимписки квалфикации се доведовме во ситуација да играме двоен бараж.

Според квалфикацискиот систем кој е нов, македонската репрезентација ќе игра бараж во април на кој ќе биде заедно со другите селекции кои нема да обезбедат олимписки квалфикации и со репрезентациите кои ќе ја минат првата фаза од квалификациите кои се во тек.

Во терминот кога ќе бидат одржани олимписките квалификациски турнири, селекциите кои тоа не го обезбедија преку ова Европско првенство и победниците од претквалификациската фаза ќе играат во првиот бараж сегмент. Победниците, од оваа фаза, десет селекции заедно со осумте кои ќе дојдат од олимписките квалификации ќе формираат девет бараж двојки кои ќе ги дадат деветте учесници на Светското првнество. Терминот за овие дуели е во првата половина од јуни.

Се вчитува...