Фудбалерот од средниот ред на Ливерпул, Конор Бредли го продолжи договорот со клубот на следните четири години. Англискиот клуб објави дека потпишал договор со 21-годишниот фудбалер до 2029 година.
Бредли е дел од „црвените“ од 2019 година, и сезонава одигра 17 натпревари во Премиер-лигата. Станува збор за еден од најперспективните играчи од средниот ред во Англија.
„Многу сум горд и среќен што ќе осанам тука и во следните години, и ова заедничко патување ќе продолжи“, рече Бредли по потписот на договорот.
„Сакам да играм уште повеќе натпревари и да освојувам повеќе трофеи. Се надевам дека и следните години ќе бидат толку добри за клубот и за мене како што беше оваа“, изјави Бредли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА