Потпис вреден 7,5 милиони евра (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Елиф Елмас официјално е нов член на италијанскиот калчолигаш Наполи. Потпиша петгодишен договор и ќе заработи вкупно 7,5 милиони евра. Пред две години за само 180.000 евра од Работнички направи трансфер во Фенербахче, а денеска за сто пати поголема сума Наполи го купи македонскиот фудбалски дијамант. Во друштво на претседателот на италијанскиот клуб Аурелио де Лаурентис, Елмас стави потпис за соработка.

Трансферот е вреден 16 милиони евра, плус 3 милиони евра како дополнителни бонуси во зависност од настапите и успесите на Елиф Елмас со Наполи.

 

Се вчитува...