Потполна доминација на Ферари: Фетел и Раиконен стартуваат од првиот ред!

Двоецот на Ферари, Себастијан Фетел и Кими Раиконен доминираше во денешните квалификации од Формула 1 за Големата награда на Кина.

Фетел ја заработи својата 52 пол позиција во кариерата и четврта во Кина со одлично време од 1:31.095 што е нов рекорд на патеката во Шангај. Неговиот клупски колега Раиконен водеше до последната секунда од третата квалификациска трка, но на крајот остана со кратки ракави заостанувајќи +0.087 секунди.

Од вториот ред на утрешната трка ќе стартуваат Валтери Ботас и актуелниот шампион Луис Хамилтон, кој заврши како четврти. Од петтата позиција ќе стартува Верстапен, Рикаирдо како шетти а од седмото место Хулкенберг. Осми во квалификациите заврши Перез пред Саинц и првите десет ги заокружи Грожан.

Се вчитува...