Потпретседателот на Барселона: Секоја чест за Реал, му се восхитувам на Перез кого никој не може да го уценува

Потпретседателот на Барселона, Едуард Ромео отворено ги пофали начинот на менаџирање и финансиските резултати на Реал Мадрид.

„Реал е голем клуб и на Флорентино Перез му симнувам капа за начинот на кој го води клубот. Да бевме ние паметни и ние ќе бевме во иста ситуација. Сосема е веројатно следното лето во своите редови да ги донесат и Мбапе и Халанд, имаат можност за тоа. На економски и бизнис план никој не може да го искористува и уценува Перез. Исклучително го почитувам и на личен план затоа што секогаш е срдечен кога ќе се сретнеме. За него може да кажам само се најдобро“ – вели Ромеу.

Реал Мадрид е еден од ретките клубови кои од коронакризата излегоа релативно со мали финансиски губитоци. Поради паметната трансфер-политика дури тој период завршија и во позитива, додека Барселона бележи рекордни минуси кои минале и повеќе од милијарда евра во последните неколку години.

Се вчитува...