Лучијано Спалети го преживеа катастрофалниот финиш на сезоната на Јувентус по кој „старата дама“ остана без билет за ЛШ за наредната сезона, но јасно беше дека некој мора да ја плати цената за ова фијаско што ќе донесе и финансиска загуба од околу 50 милиони евра.
На крајот, „падна главата“ на Демијан Комоли, кој ги извршуваше функциите на генерален менаџер и на извршен директор на најтрофејниот италијански клуб. Комоли најпрвин дојде како генерален менаџер, а по ланскиот ремонт во управата ја доби и улогата на извршен директор, но не ги оправда очекувањата на газдите на Јувентус.
Слабите активности на пазарот и неисполнетите ветувања кон тренерот Анчелоти беа посочени како главна причина за разделбата, која беше одлучена на вчерашниот состанок на управниот одбор, а официјално потврдена денеска.
За нов извршен директор и генерален менаџер на Јувентс именуван беше Џовани Карневали, кој доаѓа на оваа функција од Сасуоло, каде беше прв оперативец во претходните 12 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
