Потреси во Милан по освојувањето на шампионска титула, Малдини не добил нов договор

Техничкиот директор на Милан, и легенда на клубот Паоло Малдини во интервју за „Газета“, се пожали како сопствениците на клубот се однесуваат кон него, и покрај освоената титула во Серија „А“. Договорот на Малдини и на неговиот соработник Фредерика Масаро истекуваат, а од клубот никој не им се обратил за обновување.

Исто така Малдини се присети и на летото 2020 година, кога во клубот требало да биде донесе Ралф Рангник, но Малдини бил против тоа.

„Мојот договор како и на Масаро истекуваат. Не сме потпишале нови. Кога ќе земеме во предвид што сме направиле и што се случуваше со Рангник, сметам дека тоа е навреда и некоректно сопствениците да не седнат на маса со нас. Мораме да разговараме“, рече Малдини.

„Тие може да кажат дека направивме доволно добра работа, а јас можам да кажам дека не ми се допаѓа стратегија. Навивачите на Милан сакам да им гарантираме победа, не сум вистинска личност за проект кој не победува. Тоа не можам да го работам“, вели Малдини.

Се вчитува...