Потресна вест: Поради бројни повреди, ампутирана ногата на екс-напаѓач на ПСЖ! (ВИДЕО)

Екс-напаѓачот на ПСЖ, Бруно Родригез ја заврши кариерата пред повеќе од 17 години, а фудбалерот на „светците“ во своите пензионерски денови бил приморан да ја ампутира ногата поради големиот број повреди кои ги имал во минатото.

Повредите кои ги имал во кариерата предизвикале компликации со ногата и состојбата била премногу влошена, па единствената опција била да му се ампутира ногата.

„Бруно е еден од напаѓачите кои го одбележаа нашиот фудбал во минатиот век. Унијата му испраќа поддршка на Родригез“, соопшти Унијата на професионални фудбалери на Франција.

 

 

 

Се вчитува...