Потресно видео на украинската тенисерка: „Мамо, тато, чувајте се….“ (ВИДЕО)

За жал, и украинските спортисти најмалку се прашуваат околу нивниот избор со непромислената војна која во моментов беснее во Украина по рускиот напад.

На никого не му е до војување, а посебно беспомошни се најмладите украински спортисти кои мора спасот да го бараат надвор од својата земја. Една од најдобрите украински тенисерки, 20-годишната Дајана Јастремска на својот Инстаграм профил објави потресно видео од разделбата со своите родители.

„По две непроспиени ноќи минати во подземниот паркинг моите родители, и покрај моја волја, донесоа одлука по секоја цена мене и мојата помлада сестра да не испратат надвор од Украина. А тие остануваат во мојата земја. Мамо, тато ве сакам најмногу, чувајте се! Ја сакам својата земја. Украинци, чувајте ги своите животи“ – напиша Јастремска.

20-годишната украинска тенисерка која е родена во Одеса, моментално е на 120. место на ВТА ранг листата. Инаку, Одеса кој е трет град по број на жители во Украина со еден милиони житоли е еден од првите кои беа нападнати од руските сили по инвазијата пред два дена.

Се вчитува...