Потук: Вардар е сериозен тим, нема да го потцениме

Фудбалерот на Фенербахче, Алпер Потук, со голем респект зборуваше за македонскиот шампион Вардар на прес – конференцијата во пресрет на утрешниот меч. Потук истакна дека според нивните анализи, Вардар може да биде опасен

„Знаеме дека не очекува тежок натпревар, но очекувам да ги исполниме барањата и задачите на тренерот, што треба да ни донесе позитивен резултат. Добро го анализиравме Вардар и заклучивме дека е сериозен тим, а ние во ниеден момент немаме намера да го потцениме противникот. Веруваме во нашите квалитети, и сметаме дека со позитивен резултат овде во Скопје, шансите за пласман во групната фаза ќе ни бидат многу поголеми пред реваншот во Истанбул“, изјави играчот од средниот ред на Фенербахче.

Се вчитува...