Потврдено: Алиоски ќе бира меѓу Германија и Англија!

По бројните шпекулации изминативе денови, и дефинитивно доаѓа официјално потврда за интересот на клубови од Германија и Англија за македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски.

Од неговата застапничка агенција, „Фер-плеј“, официјално потврдуваат дека има интерес од германски и англиски клубови за Алиоски, од кои најверојатно ова лето ќе се избира неговата следна дестинација.

„Точно е дека клубови од Германија и од Англија искажаа веќе и официјален интерес. Всушност, интерес од Германија за Алиоски постои уште од јануари. Може да кажеме дека се во фудбалот се одвива многу брзо, па и кога се во прашање трансферите“ – велат од „Фер-плеј“.

Изминативе недели, Борусија Дортмунд, Херта, Хофенхајм, Баер Леверкузе и Анјтрахт Франкфурт беа клубовите од Германија кои се поврзуваа со Алиоски, како и Лестер и Хал од Англија.

Договорот на Езгијан Алиоски со швајцарскиот прволигаш завршува во 2018 година, па јасно е дека Лугано во овој преоден рок сака да заработи од продажбата на македонскиот репрезентативец. Посебно, ако се знае дека зад себе остави одлична сезона во Швајцарија со 16 постигнати гола.

Се вчитува...