Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов до крајот на викендов го очекува и официјалната промоција во дресот на англискиот чемпионшиплигаш Барнли.
Откако Чурлинов ги договори личните услови, и Штутгарт ја прифати понудата на екс-премиерлигашот за ангажман на нашиот репрезентативец кој ќе потпише четиригодишен договор со Барнли. Согласно презентираните детали од англиските медиуми вредноста на трансферот изнесува пет милиони евра.
И претставници на менаџментот на Барнли денеска официјално го потврдија трансферот на Дарко Чурлинов со потпис на договор до јуни 2026 година.
Македонскиот напаѓач, по завршувањето на позајмицата во Шалке 04, имаше неколку опции за продолжување на кариерата меѓу кои и онаа за трансфер во редовите на белгискиот гигант Андерлехт, но на крај се одлучи за Барнли, пред се поради новиот менаџер на овој тим, екс-капитенот на Манчестер Сити, Винсен Компани, кој во личниот разговор го убедил Македонецот објаснувајќи му ја својата замисла за улогата на Чурлинов во тимот на Барнли.
🚨 EXCL: Burnley have now fully completed a move for VfB Stuttgart star Darko Churlinov. Told by representatives that the North Macedonia international is set to sign on a four-year deal. 12th summer signing for the Clarets set to be announced in the coming days. #twitterclarets
— Will Lancaster (@WillLankyMedia) August 13, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА