Потврда и од докторите: Шик ќе паузира до три седмици

Летното засилување на Рома, Патрик Шик, ќе паузира во следните три недели поради повреда на бутниот мускул. Младиот голгетер ја заработи повредата во претходниот дуел со Сампдорија кој заврши со нерешени 1-1, по што мораше да го напушти теренот во 57. минута.

По денешните медицински прегледи потврдено е дека Чехот мора да одмори речиси еден месец, а со тоа ќе ги пропушти следните четири натпревари за „римската волчица“, меѓу нив една од поважните средби против Шахтјор во осминафиналето во Лигата на шампиони. Со сигурност ги пропушта средбите со Верона и Беневенто, додека за мечот против Удинезе кој е закажан за 17. февруари ќе бидат направени дополнителни прегледи за да се оцени да може да настапува, или пак да не го изложуваат веднаш на ризик.

Во неговата дебитантска сезона Шик се мачи да го пронајде патот до мрежата за својот нов клуб, откако по 10 натпревари се уште го нема запишано својот првенец за Рома.

Се вчитува...