Потврда од Баерн, Кутињо доаѓа во Минхен!

Баерн Минхен ја стартуваше новата сезона со разочарувачко реми на домашен терен против Херта, но на фановите на баварскиот гигант за утеха ќе им служи фактот дека нивниот клуб договори екстра-засилување. Станув збор за Филипе Кутињо од Барселона, трансфер што синоќа беше најавен од шпанските медиуми, а потоа и потврден од страна на директорот на Баерн, Хасан Салихамиџиќ.

„Точно е, Кутињо доаѓа во Минхен. Изминатата седмица заедно со претседателот Румениге бевме во Барселона и успеавме да ги договориме сите детали од овој трансфер. Добиваме одличен фудбалер“ – истакна Салихамиџиќ.

Германските медиуми информираат дека Бразилецот ќе пристигне во Минхен на позајмица вредна 15 милиони евра, а Баерн ќе има можност следното лето да го откупи целосно неговиот договор за 100 милиони евра.

Се вчитува...