Потврда од ПСЖ: Нејмар го пропушта реваншот со Баерн

Нејмар ја загуби трката со времето по незгодната повреда, па бразилскиот репрезентативец ќе го пропушти реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на Шампионите против Баерн Минхен.

Бразилецот беше стартер на првиот дуел што ПСЖ го загуби со 0-1, но во меѓувреме се здоби со незгодна повреда и ги пропушти последните средби на „светците“. Тренерот Галтие се надеваше дека Нејмар ќе му биде на располагање за реваншот во Минхен, но тоа дефинитивно нема да биде случај.

„Нејмар нема да биде фит, тоа е сигурно. Нема да игра в сабота против Нант, потоа нема да биде во тимот ниту против Баерн на 8 март. Секако, тоа е голем удар, говориме за еден од најдобрите стрелци и асистенти во лигата“, изјави стратегот на ПСЖ.

Се вчитува...