Филип Миркуловски е позитивен на коронавирус по враќањето во Германија, откако беше дел од репрезентацијата на Македонија во квалификациските натпревари против Данска за настап на ЕВРО 2022 година.
Миркуловски по пауза од три години направи кам-бек во дресот со националните бои и беше дел од репрезентацијата која успеа да го изенанди актуелниот светски шампион. По завршувањето на квалификацискиот прозорец тој се врати во Германија, а на првите тестирања по враќањето во клубот тој се покажа како позитивен.
„Филип Миркуловски е позитивен на коронавирус и надвор од тимот ќе биде во следните две седмици. Тој по враќањето од репрезентативните обврски немаше контакт со ниту едно лице од тимот, што значи дека нема потреба за дополнителни грижи“, стои во соопштението од клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА