Потврда за дебаклот: Јунајтед со најмалку шутеви на гол во последните 18 години во ЛШ

Манчестер Јунајтед катастрофално го почна настапот во Лигата на Шампионите губејќи на премиерниот дуел со 2-1 на гостувањето против Јанг Бојс.

Ван Бисака беше трагичар со црвениот картон во првото полувреме, но бесот на навивачите врз себе го навлече Оле Гунар Солскјер, кој веднаш по примениот гол ги повлече од игра Роналдо и Фернандеш, дозволувајќи уште поголема инцијатива на домаќините до крајот на мечот.

Најдобра потврда за дебаклот е фактот дека Манчестер Јунајтед за 90 минути игра имаше само два удари кон противничкиот гол, двата на Роналдо, еден при постигнатиот погодок и оној вториот во 25. минута. „Црвените ѓаволи“ во преостанатите 65 минути од дуелот воопшто не се ни обидоа да го загрозат противничкиот гол, а бројката од два шута е најниска на Манчестер Јунајтед на последните 138 одиграни натпревари на овој клуб во изминатите 18 години.

Се вчитува...