Потврден распоредот за Лигата на нации – Почнуваме со Ерменија на „Тодор Проески“ на 5. септември во 15 часот

Европската куќа на фудбалот УЕФА ги одреди термините за натпреварите во Лигата на нации. Македонската фудбалска репрезентација натпреварувањето во Ц лигата ќе го почне на 5. септември во 15 часот на Националната арена „Тодор Проески“ кога ќе го пречека добро познатиот ривал Ерменија. Во второто коло на 8. септември од 18 часот и гостуваме на Грузија.

Потоа следуваат мечевите со Естонија на 11. октомври нагости во 18 часот и Грузија на домашен терен три дена подоцна во 20:45 часот. Натпреварите од групната фаза во Ц лигата  „црвено-жолтите“ ќе ги завршат на 15. ноември кога ја пречекуваме Естонија од 15 часот и на 18. истиот месец со гостувањето кај Ерменија. За потсетување нашата репрезентација првиот настап во ова натпреварување го заврши како првопласирана во Д лигата, поради што доби шанса на бараж натпревар против Косово за пласман на Европското првенство кое поради пандемијата од коронавирусот е одложено за 2021 година.

Се вчитува...