Потврдени црните прогнози: Заниоло пак ги скинал лигаментите

Николо Заниоло го очекува нова долга пауза од фудбалските терени откако беше потврдено дека големиот бисер на италијанскиот фудбал повторно ги скинал лигаментите, овојпат на левото колено.

Тој мораше да биде повлечен од игра откако се пожали на болка во коленото на дуелот со Холандија, веднаш беше очигледно дека проблемот не е нималку наивен, а денешните детални прегледи во Рим само ги потврдија „црните прогнози“ – станува збор за кинење на вкрстените лигаменти, идентична повреда на онаа што Заниоло ја имаше на десното колено на почетокот од годинава.

Хируршкиот зафат врз младиот фудбалер е закажан за утре, а Заниоло по операцијата ќе го очекува нова долга пауза од фудбалот, најмалку до февруари 2021 година.

Се вчитува...