Потврдено: Барселона без важен фудбалер на „Ел класико“

Реал Мадрид и Барселона ќе си ги одмерат силите во 10. коло од Ла Лига, а за големото дерби тренерот Ханси Флик официјално нема да може да смета на еден од најдобрите фудбалери во составот.

Тоа е Рафиња за кој постоеше надеж дека ќе се рехабилитира навремено за неделниот натпревар, но помошниот тренер на германскиот стратег, Маркус Сорг кој ќе ги води тимот од теренот по суспензијата на првиот тренер соопшти лоши вести за навивачите на Барселона.

„Секој тим би сакал да го има Рафиеа на теренот, но ситуацијата е таква каква што е. И потану е повреден. Од друга страна постои можност да настапи Феран Торес“, изјави Сорг.

Рафиња се рехабилитира од повреда на квадрицепсот на десната нога, повреда која ја заработи на дуелот со Реал Овиедо.

Се вчитува...