Потврдено: Реал без клучен играч на реваншот со Челси

Реал Мадрид ќе биде ослабен на реваншот против Челси во полуфиналето од Лигата на Шампионите откако Рафаел Варан заработи нова повреда поради која ќе мора да отсуствува извесен период од терените.

Французинот неодамна се врати во тимот по прележаниот коронавирус, но се повреди во првото полувреме од натпреварот против Осасуна. Деталните прегледи покажаа дека станува збор за повреда на мускулот за која треба минимум седум дена целосно мирување, пa јасно е дека Варан дефинитивно ќе го пропушти реваншот на „Стемфорд бриџ“.

Останува да се види дали Зидан ќе ризикува со капитенот Серхио Рамос од првата минута, со оглед на фактот дека искусниот дефанзивец долго време беше надвор од терените. Добра вест за стратегот на Реал е и камбекот на левиот бек Менди, кој речиси сигурно ќе добие предност пред Марсело, кој играше во слаба форма на последните натпревари.

Се вчитува...