Повеќе од 2.000 Словенци во Скопје на мечот против Македонија

И покрај тоа што првично беше најавено дека на националната арена „Тодор Проевски“ во Скопје ќе има околу 1.000 словенечки навивачи со поддршка за својата репрезентација на квалификацискиот натпревар против Македонија, Словенците се засилени со дополнителна „тура“ која допатува вчера од Љубљана.

Според информациите од Словенечкиот фудбалски сојуз нивната репрезентација на нашиот најголем стадион ќе имаат поддршка од повеќе од 2.000 навивачи од Словенија.

Словенците натпреварот против македонската репрезентација го сметаат за клучниот на нивниот пат до ЕП 2020. Токму поради тоа е и една од најголемите навивачки поддршки на гостински терен која ја имале на еден квалификациски натпревар.

На „Тодор Проевски“, според првичните проценки“ се очекуваат повеќе од 20.000 навивачи со поддршка за македонската репрезентација.

Се вчитува...