Повеќе од 4 милиони луѓе на улиците на Буенос Аирес, навивачи се фрлаат по автобусот и се повредуваат (ВИДЕО)

Неверојатни сцени од Буенос Аирес на прославата на Аргентина. Според информациите од таму околу 4 милиони луѓе се излезени на улиците да ги поздрават новите светски шампиони, новите херои на нацијата. Некои информации одат до таму и кажуваат дека на улиците има и повеќе – 6 милиони.

Автобусот со аргентинските фудбалери едвај се пробива низ кордонот од народ кој е излезен да ги поздрави. Во еден миг додека автобусот поминуваше под мост, двајца навивачи се фрлија по него, по што едниот падна и се повреди.

Инаку Лионел Меси доби и своја улица од страна на навивачите.

Се вчитува...