Повеќе од фудбал: Преживеаните од Чапекоенсе го изведоа почетниот удар на „Камп ноу“

Барселона вечерва го пречекува Чапекоенсе во рамките од „Гампер купот“, натпревар што беше закажан веднаш по трагичната авионска несреќа на бразилскиот фудбалски клуб, а сите приходи од оваа средба ќе заминат на сметката на Чапе.

Емотивно е на „Камп ноу“, а многумина пролеаја солзи на самиот почеток, кога почетниот удар го изведоа Фулман и Нето, двајца од преживеаниете фудбалери во страшната несреќа.

Голманот Фулман во несреќата ја загуби и едната нога, но сепак се најде крај својот тимски колега Нето за првиот удар на овој емотивен ревијален натпревар.

Се вчитува...