Повеќе од гол – Mozzart и ракометарите донираат 350.000 денари во хуманитарни цели

Иако заврши понатамошното натпреварување за Македонската репрезентација на Европското ракометно првенство на Стариот континент, тие сепак се победници во хуманоста! Компанијата Mozzart како дел од кампањата “Повеќе од гол” за секој погодок на нашата репрезентација донираше по 5.000 денари во хуманитарни цели, вкупно се собрани 350.000 денари!

Нашите ракометари со амбасадорот на оваа акција Филип Кузмановски ќе одлучат кому ќе биде упатена оваа донација.

 „Драго ми е што сум вклучен во оваа хуманитарна акција на комапнијата Mozzart. Пред една година имавме успешна донација, а средствата завршија за лекување на малиот Михаил од Тетово. Сакам да му се заблагодарам на Mozzart што ме избра да учествувам во оваа хуманитарна акција.” – изјави одличниот лев бек Кузмановски.

Членот на Хановер е веќе препознатливо лице во акциите на Mozzart, претходно беше дел од многу кампањи, а сега целата репрезентација играше на хуманост со помош на оваа општествено одговорна компанија.

„Им благодариме на нашите ракометни асови, за нас тие се победници. Големо задоволство ни е што ја препознаа нашата акција „Повеќе од гол“, што ја поддржаа и што заедно станавме дел од еден голем проект, преку кој, на оние на кои им е најпотребно, барем малку ќе им ја вратиме насмевката на лицата и ќе им го направиме животот поудобен.” – заклучи менаџментот на компанијата Mozzart.

 

Се вчитува...