Повлечена 13-ката на Астори: Овој дрес засекогаш ќе биде само твој

Трагичната смрт на Давиде Астори се уште е главна вест во фудбалска Италија. Последните информации говорат за заедничката иницијатива на Фиорентина и Калјари, за повлекување на дресот со број 13 што го носеше Астори и за двете екипи.

„Овој дрес засекогаш ќе биде само твој“ – порача Фиорентина преку својата официјална веб-страница, обелоденувајќи го повлекувањето на „тринаесетката“ по смртта на Астори.

Истиот потег го повлече и раководството на Калјари, клуб за кој Астори со успех настапуваше од 2008 до 2016 година.

Се вчитува...